Skip to main content
REQJ0-KNq4I
Став на ВМРО-ДПМНЕ

„Бојко љубави“ ни го избриша идентитетот и јазикот во ЕП

Политиката на СДСМ, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП.Заев и СДС ја уништија дипломатијата и го урнисаа интегритетот на Македонија.Бојко Борисов, кого Заев го нарекуваше брат лично се фали како тој го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот оној Борисов на кого Пендаровски му носеше поздрав од Заев со пораката – Бојко љубави.Ова е резултат на политиката на Заев и СДС, кој кажа работи кои ниту најголемите бугарски шовинисти не можеле ниту да ги замислат.

Заев, Филипче и СДС се директно виновни за сите негирања од страна на Бугарија, затоа што за свој личен интерес продадоа се што можеа.

И сега Заев, Филипче и СДС, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот, затоа пречка е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, и затоа и нападите нивни се големи, со лаги и манипулации.

Едно треба да знаат дека ќе бидат поразени, затоа што се разголени и народот јасно гледа што прават.

Поврзани вести