
Беровската противпожарна служба доби нова заштитна опрема, која се состои од униформа и обувки и која на пожарникарите значитечно ќе им го олесни извршувањето на работните задачи.
Како што соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, новата заштитна опрема ќе се користи за гасење на пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини.
Истата ќе биде од голема корист за ТППЕ Берово, со што ќе се унапреди нивната безбедност и функционалност и значително ќе се олесни начинот на справување со предизвиците, истакна Пекевски.
Опремата е во вкупна вредност од 399.500,00 денари.
Средствата ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2025 година, додаде Пекевски.
Тој посака пожарникарите да имаат што помалку работа во годината која претстои и апелираше до граѓаните да внимааваат и да не палат оган на отворен простор.