Skip to main content
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Башановиќ, екс советникот на Заев, и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат пиарот на СДСМ

Пиарот на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.

Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција.

Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДС и се шират лаги и манипулации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ и Филипче делуваат по насока на овие лица, а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.

Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?

Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести