
Поранешниот министер Азир Алиу објави дека останува во коалицијата ВЛЕН, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.
Тој смета дека излегувањето од Владата во овој момент без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ, пренесе ТВ Телма.
Во меѓувреме, вицепремиерот Арбен Фетаи објави фотографии од средба со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина, каде што заедно со други членови на Алијансата за Албанците зборувале за заедничката визија за напредок.
Арбен Таравари, пак, пред два дена поднесе оставка од позицијата министер за здравство, појаснувајќи дека Алијансата за Албанците излегува од Владата и коалицијата ВЛЕН затоа што не сакале да бидат само „декор“ во власта.
Тој најави мобилизација за локалните избори во октомври. Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека Владата останува стабилна и најави преговори со пратеници од опозицискиот „Европски фронт“ за приклучување кон владејачкото мнозинство.