Skip to main content

Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите

Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9 проценти. Најголема доверба од политичарите граѓаните имаат во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мнозинството од нив ја поддржува примената на системот „Безбеде град“. Тоа го покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, спроведено преку телефонска анкета меѓу 15 и 18 декември годинава на 1114 полнолетни испитаници на ниво на државава.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“ 26 проценти од испитаниците рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“, 9,8 проценти за опозициската СДСМ, 8,9 проценти за Коалиција ДУИ, 8,2 проценти за Коалиција ВЛЕН, 5,9 проценти за Левица, 3,9 проценти за ЗНАМ, а 1,7 проценти за друга партија. За ниедна партија нема да гласаат 13, 1 процент, а 11 проценти од испотаниците не сакале да кажат, додека 11,7 проценти рекле дека не знаат или немаат одговор.

Според истражувањето, на прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?, кај 27,3 проценти од испитаниците одговорот е Христијан Мицкоски, додека 25,5 проценти дале одговор – ниеден, а 9,5 проценти не знаат или немаат одговор. Девет проценти имаат најголема доверба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, 5,1 процент во претседателот на СДСМ Венко Филипче, 5 проценти во Димитар Апасиев од Левица, 3,8 проценти Максим Димитриевски. Следуваат со 3,5 проценти Изет Меџити, 2,8 проценти Билал Касами, 2,3 процент Африм Гаши, 2,1 процент претседателката Гордана Сиљановска Давкова, 1,3 проценти поранешниот претседател Стево Пендаровски, 1,1 процент поранешниот премиер Никола Груевски.

Позитивно милсење за работатата на Владата имаат 26,1 процент од испитаниците, 26 проценти со одговор – донекаде позитивно, 23,4 проценти – негативно, а 17,9 проценти – донекаде негативно.

Целосна поддршка за системот „Безбеден град“ односно поставување камери за мерење на брзина и други сообраќајни прекршоци има од мнозинството од испитаниците, 63,9 проценти, 12,6 проценти одговориле – донекаде да, 7,5 проценти – не воопшто, а 5,2 проценти – донекаде да.

ИПИС соопшти дека истражувањето е реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје е земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС, се вели во информацијата од ИПИС.

Поврзани вести