Skip to main content
0Cz1E_0rZ0c

Заврши кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење, информира Стојанче Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината.

Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода, истакна Ангелов.

Кризната состојба во Општина Гостивар беше прогласена страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата што погоди неколку илјади граѓани.

Поврзани вести