
Турски државјанин на возраст од 36 години и 14-годишник, двајцата од Турција, биле приведени на Меѓународниот аеродром Скопје откако при обид да ја напуштат државата приложиле сомнителни бугарски патни исправи и лични карти.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен на 28 ноември, околу 8 часот, при гранична и пасошка контрола на излез од државата.
При проверката било утврдено дека двајцата претходниот ден влегле во Македонија на истиот граничен премин, но тогаш се легитимирале со уредни турски патни исправи.
При обидот за излез, пак, приложиле бугарски документи за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
Двајцата биле лишени од слобода, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонски



