Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа таа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. 

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите“, вела од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата истакнуваат дека владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што Филипче ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести