
Холивудската компанија „Ворнер брос“ соопшти дека во Нов Зеланд завршило снимањето на филмот „Господар на прстените: Потрага по Голум“, чија премиера во кината е најавена за 15 декември следната година.
Приказната е сместена во периодот меѓу настаните во филмовите „Хобит“ и „Дружината на прстенот“. Дејството се фокусира на Голум и потрагата по него водена од Арагорн, пред Голум да му ја открие на Саурон локацијата на „Единствениот прстен“.
Режисер на филмот е Енди Серкис, додека пак, продуцент е Питер Џексон, режисер на оригиналната трилогија.
Во актерската екипа се и Елајџа Вуд, Ијан Мекелен, Ања Тејлор Џој, Кејт Винслет, Џејми Дорнан, како и Лео Вудал.

Македонски



