
Општина Неготино е подготвена за интервенција при потенцијални врнежи од снег, информира неготинската градоначалничка Марија Нацева.
Иако моменталната состојба исклучува потреба од интервенција на терен бидејќи сите патни правци на територијата на нашата општина се проодни и сообраќајот по нив се одвива нормално и по влажни коловози, Општина Неготино ги информира граѓаните дека сè е подготвено за интервенција на терен доколку се јави потреба – соопшти Нацева.
Таа додаде дека ова во најголем дел се однесува на повисоките места во општината каде што има поголеми шанси за врнежи од снег.
Но, се разбира и во градот и сите населени места. За таа цел, на располагање е ставена целокупната механизација и работна рака со цел за навремено интервенирање на терен – додаде Нацева.

Македонски



