Skip to main content

Градоначалничката на Неготино во Стразбур на Конгресот на локални и регионални власти

Фејсбук-страница на градоначалничката на општина Неготино, Марија Нацева

 Во „Палатата на Европа“ во Стразбур учествував на Конгресот на локални и регионални власти, информира градоначалничката на Неготино, Марија Нацева.

Во периодот од 27 до 29 октомври како градоначалник на општина Неготино и претставник на ЗЕЛС, учествував во работата на 51. сесија на Конгресот на локални и регионални власти што се одржа во „Палатата на Европа“ во Стразбур – Франција – напиша Нацева на Фејсбук.

Таа додаде дека како претставник на нашата држава на Конгресот, заедно со другите присутни разговарале за приоритетите на Конгресот за периодот 2026-2031 година.

Ја разгледавме Европската повелба за локална самоуправа во најмалите држави, а на Конгресот се расправаше и за отсуството од училиште и одговорот од локалните заедници – додаде Нацева.

На Конгресот во Стразбур на дневен ред биле и прекуграничната соработка меѓу регионите, новите можности за руралните заедници, демократската отпорност во време на кризи, за младинските проекти и други актуелни теми.

Од перспектива на општина Неготино, ова беше работна средба мошне значајна за подигнување на квалитетот на локалната демократија – додаде Нацева.

Поврзани вести