Skip to main content

Кај кафана во Драчево пукал во воздух пред гостите кои излегувале од објектот

Полициски службеници од СВР Скопје на 19 август во 13:50 часот на ул.„Драчевска“ во Скопје го лишиле од слобода Л.Р.(26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Тој бил затекнат како во двор на угостителски објект во момент кога од објектот излегувале гости, од возило во движење со пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

Пиштолот му бил одземен, а тој е приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести