
51-годишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во Националната установа Македонска опера и балет.
Случајот бил пријавен на 29 септември 2025 година, во 20:44 часот, во СВР Скопје, откако повредениот бил донесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.
Поради сериозноста на повредите, тој подоцна бил пренесен во приватна болница, каде што му била укажана лекарска помош.
Од полицијата информираат дека повредите ги добил за време на извршување на работните обврски во Македонската опера и балет.

Македонски



