Skip to main content
Градоначалникот Менди Ќура најавува

Општина Струга ќе го подмири заостанатиот долг за превоз на учениците, постигнат договор со превозниците

Општина Струга ќе го подмири долгот од 55.000 евра за превоз на учениците во основни училишта наталожен со години во наредните два до три месеци, информира на прес-конференција градоначалникот Менди Ќура, по постигнатиот договор на средбата со превозниците.

На средбата, било договорено и зголемување на цената за превоз на учениците, која, според превозниците, била многу ниска и не била променета со години.

Градоначалникот посочи дека во Општина Струга пристигнало барање од превозници од неколку села, кои барале Општината да им го исплати повеќегодишниот долг за превоз на учениците. Долгот изнесува 3.432.000 денари, односно околу 55.000 евра, само за превозот на учениците во основните училишта. Според него, станува збор за долг на училиштата, кој се акумулирал со години и кој воопшто не е поврзан со осуммесечното негово управување со локалната власт.

Сакам да ви кажам дека барањето од нивна страна е дека треба да се исплати стариот,  долгогодишен долг од 60.000 евра. Плаќањата се реализираат етапно, од моето доаѓање како градоначалник од Општинскиот буџет веќе се исплатени околу еден ипол милион денари, рече Ќура.

Градоначликот нагласи дека општината настојува да ги врати сите долгови, забележувајќи дека за тоа реагираат токму оние кои ги создале, односно претходната општинска власт.

Овој долг е веќе направен од времето на претходниот градоначалник и претходната власт ДУИ и СДСМ и затоа ни дојде нас на тежина нивниот долг да го подмириме. Ги убедувам возачите, транспортерите дека овој долг ќе се подмири во рок од два до три месеци, истакна Ќура потенцирајќи дека насобрани се долгови и за превоз на ученици за средните училишта, за што зема обврска дека ќе бидат исплатени.

Поврзани вести