Skip to main content

Жени уметници од колекцијата на „Остен“ – Изложба на слики, цртежи и видеа

Во галеријата „Остен“ вечер почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба посветена на 15 македонски жени уметници, со кои оваа институција негува долгогодишна соработка. Изложбата претставува избор од слики, цртежи и видеа од колекцијата на „Остен“.

Меѓу застапените авторки се Анка Данаиловска, Евгенија Демниевска, Петра Јовановска, Мирјана Крстева Масети, Росица Лазеска, Татјана Манева, Јана Манева Чупоска, Љубица Мешкова Солак, Касиопеја Наумоска, Јасминка Новковска, Марија Павловска, Ирена Паскали, Марија Светиева, Ана Темкова и Симонида Филипова Китаноска.

Секоја од уметниците има свој автентичен израз и богато творечко портфолио, со учество на бројни домашни и меѓународни изложби, награди и признанија. Дел од нив живеат и работат во странство, но остануваат активни чинители на македонската културна сцена, се посочува за изложбата.

Поврзани вести