
Од денеска до недела во Културниот центар „Јадро“ ќе се одржи вториот дел на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат се одвива во два дела – во јули и во октомври. Настаните ќе се одвиваат секој ден, од петок до недела. Ќе учествуваат гости од нашата земја и од регионот. Преку ден граѓаните по намалени цени ќе можат да купуваат книги од книгоиздателството „Темплум“, кое го организира фестивалот „Друга приказна“.
Во продолжение е деталната програма на фестивалот.
ПРОГРАМА на ДРУГА ПРИКАЗНА #10, втор дел
Културен центар „Јадро“, 10‒12 октомври
ПЕТОК, 10.10.25.
12.00. Прогласување на победникот на конкурсот за најдобар дебитантски ракопис Новите! за 2025;
18.00. Разговори и презентации: Миклавж Комељ (Љубљана) – Како да се мисли партизанската уметност; Лујо Парежанин (Загреб) и Сања Хорватинчиќ: Куќа, слово, папир – Од партизанската уметност до материјалната култура на НОБ;
20.30. Промоција на списанието Маргина #97 и изложба: првите пет години на Друга приказна низ фотографии (изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски и Жарко Трајаноски);
21.00. Врачување на главната награда на фестивалот на Светлана Слапшак (Љубљана); разговорот го води Никола Гелевски.
САБОТА, 11.10.25.
17.00. Марија Арсенкова (Скопје) разговара со Мила Јовановиќ и Александар Кендришиќ, членови на студентското движење во Србија (Нови сад – Белград);
19.00. Презентација: Арпад Лебл во Битола (1936) – една предисторија на локалниот антифашизам – Ивана Хаџиевска (Битола);
20.00. Одбележување 80 години од победата над фашизмот во Македонија и Југославија; АНТИФАШИЗМОТ ДЕНЕС, тркалезна маса: Миклавж Комељ, Елена Меснер, Ивана Хаџиевска и Никола Гелевски;
21.30. Концерт: Партизански песни – Мариана Бошковска и Димитриjе Бужаровски.
НЕДЕЛА, 12.10.25.
12.00.-15.00. Работилница со ШКАРТ / 2 (Белград)ПЕС ПЕВ СКАК СКАК / Нови песни на бунтот
(растурање напишани зборови и составување ненапишана музика)
работилница за препакување на раскази и песни во кратки музичко-ритмички форми
(донесете своја или туѓа поезија или проза и од неа ќе направиме микропесни за протести, пеење и скокање)
17.00. Претставување на книгата Women and Partisan Art – Елена Меснер (Виена);
18.00. Непрофитни медиуми, разговор – Бојан Шашевски (Скопје) разговара со Саша Ќириќ (Белград) и Лујо Парежанин (Загреб);
20.00. Разговор на Ивана Јовановска со Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум и Друга приказна;
21.00. 20 години награда „Новите!“, вечер на победниците.