Skip to main content

За сите љубители на модерниот танц: „Ајде“ со младите и идни танчери на македонската танцова сцена за последен пат во Скопје

За сите љубители на модерниот танц, повелете на 14/3/2026 во 20 часот за последен пат во Скопје.“АЈДЕ” со младите и идни танчерина на македонската танцова сцена.
Танцовата претстава „АЈДЕ!“ нè води низ богатата музичка култура
на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези
или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на
природата, почетокот на новиот живот, пријателството и
заедништвото, се раѓа една нова љубов. „АЈДЕ!” преку
препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена
љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува
ромската музика и фолклор на сцената. Претставата има за цел да
ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и
општествените норми во современиот контекст.
“АЈДЕ!”
Кореографија: Игор Киров и Бојан Мицев
Драматург: Ана Ристоска Трпеноска
Светло мајстор: Милчо Александров
Танчери: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина
Петрушевска, Андреј Димоски, Бојана Арсовска
Музика: колаж
Фотографија: Ања Калин
Видео: Мартин Михајлов / Марсбен Продукција
Продукција: Motion Network Штип
Ко-продукција: НУЦК „Ацо Шопов” Штип
Во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” Скопје
Поддржано од Министерство за култура и туризам на РСМ,
Општина Штип и ЕАМ Штип.

Поврзани вести