Во Театар Комедија денеска се одржа првата проба за претставата „Олд Сејбрук“ од Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ. Претставата е копродукција помеѓу Театар Комедија и продукцијата „Перипетија“.
Во претставата играат: Маја Љутков, Дарија Ризова, Елена Кузманов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Благој Веселинов.
Костимографка е Ивана Каранфиловска, сценографка Илина Ангеловска, композитор Оливер Јосифовски.
Премиерата на претставата е закажана за 26. март годинава.