
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, министерот за култура Зоран Љутков ја отвори изложбата ОТКРИТИЈА – прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции.
Вечерва Белград повторно е домаќин на македонската душа. Вечерва во овој простор сведочиме за едно посебно интимно случување кое ги надминува границите и се претвора во топол интимен простор. Самиот наслов Откритија носи длабочина на емоцијата пред нас, нагласи на отворањето министерот Љутков.
Тој додаде дека на изложбата нема само уметнички слики туку и „парчиња на споделената културна историја, фрагменти од креативниот дух што струи низ нашите две држави.

Делата од оваа изложба се на автори кои со својот поетски јазик и смелост ги надминале границите на времето и просторот. Вечерва не обединуваат во прекрасниот свет на ликовната уметност“, додаде Љутков.
Тој посебно му се заблагодари на белградскиот колекционер Игор Станковиќ „чија стручност и љубов кон македонската ликовна традиција се препознаваат во секој детал од изложбава“.
Посебно ми е драго што макеоднските ликовни дела не се изложени само во македонски музеи и институции туку и кај приватни колекционери кои се чуваат со љубов и во пријателски Белград. Тоа за нас е еден највисок чин на признаниене, изјави Љутков.

Диекторот на КИЦ во Белград Васко Шутаров вели дека со оваа изложба се почнува поголем циклус.
Овој циклус го работиме со македонското Министерство за култура и туризам кои имаат исклучително разбирање. Овој проект се вика репрезентативен пресек на македонската ликовна уметност што се наоѓа во белградските приватни колекции. Доѓајќи на мисија во Белград ја носев таа искра и сознание дека во белградските приватни колекци се наоѓаат ремек дела од македонската ликовна уметност, Тоа се мостовите што се градат меѓу двата блиски народа – српскиот и македонскиот и двете култури. Тој репрезентативен пресек почнува вечерва со 14 дела кои се во најголем дел од основоположниците на македонската ликовна уметност – Димитар Андонов Папрадишки, дела од Лазар Личеновски стари еден век, Чемерски, Коџоман, Владимир Ѓеоргиевски, Петар Мазев…, изјави Шутаров,

Тој додаде дека за идната година е планирана голема изложба во Белград на Петар Мазев – за да се одбележат 30 години дипломатски односи на Македонија и на Србија.
Циклусот продолжува на ЕКСПО 2027 во која што освен колекцијата на Игор Станковиќ сите останати колекции и колекционинери се надевам ќе ги споиме во еден голем павилјон за да се направи комплетен репрезентативен пресек на делата од македонски ликовни уметници што се наоѓаат во белградските приватни колекции, вели Шутаров.
Во рецензијата на Викторија Васева Димевска е напишано дека и во македонската историја на уметноста можеби недостасуваат податоци што се кријат низ приватните колекции.

Со денешнава изложба на дела кои ретко или воопшто не биле изложувани во Македонија, пред се македонската ликовна и стручна јавност дознава за своите основоположници, можеби детали што недостасуваат во историјата на уметноста на Макеоднија. и втор важен сегмент – затоа што и уметниците спојувале меѓу Македонија и Србија, меѓу македонската и српската култура. Белград и за нив бил отворен. И тоа се мостови по кои ние газиме за да ги обновиме тие врски, додае Шутаров.
И директорот Шутаров исклучително му заблагодари за сесрдната поддршка на Игор Станковиќ, „кој е роден скопјанец, голем пријател на македонското и српското пријателство за довербата овие дела на ликовната уметност да бидат изложени во КИЦ во Белград“.
Изложбата ќе биде отворена до 29 ноември.

Македонски








