
Од денеска, 15 август па до 24 овој месец во Богданци ќе се одржи Графичкната работилница „Софија“.
Оваа година Графичката работилница „Софија“ е со малку поразлична, празнична програма, оваа година работилницата е ликовна тезга на која некогаш посадените млади семиња а денес веќе плодородни зрели ликовни растенија своите плодови ќе му ги понудат на светот, вели организаторот.

Оваа година учество ќе земат првите уметници кои во 2007 како студенти учествуваа на првата Графичка работилница: Сања Жигиќ, Данило Вуковиќ, Трајче Павлов, Викторија Иванковска, Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева, Камелија Србова. Како и секоја година и оваа година има и нова гостинка а тоа е авторката Ни Таи од Виетнам како и Дамјан Ѓеоргиевски кој живее и твори во Финска.
На завршанта изложба покрај новите дела од овогодинешната полнолетна колонија ќе бидат изложени и делата со кои нашата работилница ги направи своите првите чекори кон светот. Односно ќе изложиме диптих од сите автори, од нивните дела кои биле на првата и овогодинешата работилница. Изложбата ќе го носи насловот ” Тогаш, Сега, и Засекогаш”. Да живее уметноста!, вели организаторот.