
Добитник на наградата „Млада Струга“ што ја доделува поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ е Андреј Анѓелковиќ, а наградената книга „Чергар“ носи длабока, симболична и храбра поезија што зборува од името на скитникот, осаменикот, но и на секој што не се откажува од човечноста. Во свет полн со болка, „Чергар“ е нежен глас и верен самаријанин, објави фестивалот Струшки вечери на поезикјата.
Ви ја претставуваме песната ,,Номад’’ од добитничката дебитантска книга
НОМАД
Меѓу племињата на ридот
Кои се беа распослале
Во ладовина, врз гороцвет
ја фрлив мојата черга.
Со српот што замава
И прескува парчиња од космост
Пробав да се бележам
Пробав да ставам трага на слобода врз плеќиве,
Белег ко од роденче уште даруван
Меѓу племињата на ридот
Каде што се беше распостелала
Секоја молитва за спокој
Останав номад
Кој не знаеше за својот дом
Останав сирак
кој се растегнуваше кон космосот
само за да ја целива таму слободата.