
Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.
Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари, велат од Синдикатот.
Оттаму минатата недела реагираа бидејќи вработените во култура беа оставени без плата за време на Велигденските празници.

Македонски







