
Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.
Денес поднесов неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Им посакувам успешна понатамошна работа, пишува Груевска – Маџовска во објавата на Фејсбук.

Македонски



