Skip to main content

Шесто издание на Јес Фестивал од 14 до 20 мај во Скопје

Од 14 до 20 мај во Скопје се случува шестото издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, книжевен и културен настан за сите возрасти кој традиционално вклучува богата програма на книжевни вечери, читања и креативни работилници за деца и млади и изложби на македонски уметници.

Годинава фестивалот трае седум дена и се одвива на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, МКЦ, креативно студио „Умна Куќа“, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ (централен објект, библиотека „Другарче“ и библиотека „Цветан Димов“)

Како и претходната година, фестивалот има две различни програми: книжевни вечери и промоции и програма за деца (читачки и креативни работилници).

    Отворањето на фестивалот е на 14 мај, со книжевен настан во галеријата „Чудна шума“ – „YES за кратка проза“. На оваа книжевна вечер свои дела ќе читаат: Иван Шопов, Владимир Лукаш, Долорес Атанасова Лори, Биљана Стојановска, Хана Корнети, Ѓоко Здравески, Драгана Лукан Николоски, Живко Грозданоски, Филип Димевски, Билјана Црвенковска, Ненад Јолдески.

    Планирани се четири гостувања на автори и илустратори од Белгија (наградуваната писателка Хеа Схутерс), Албанија (познатата писателка за деца Рудина Чупи), Словенија (наградуваната авторка и уметница Самира Кентриќ) и Хрватска (наградуваната илустраторка Ванда Чижмек, која и минатата година беше во Скопје), како и претставување на делото на украинскиот автор Иван Андрусјак, кој за жал мораше да го одложи гостувањето во Скопје.

    Покрај европските автори, планирано е и учество на дванаесет македонски писатели во двете програми (вечерна и програма за деца и млади), како и една групна изложба на повеќе македонски уметници.

    „Годинава ЈЕС ФЕСТИВАЛ“ има најбогата програма и најмногу гостувања на познати европски автори“ – изјавуваат од „Чудна Шума“. – „Единствено ни е жал што украинскиот писател за деца и млади Иван Андрусјак во последен момент мораше да го откаже патувањето, но се надеваме дека ќе ни се приклучи на есенското издание на фестивалот“.

    Програма на YES ФЕСТИВАЛ 2026
    Скопје, 14 – 20 мај 2026

    14 мај
    20:00 Отворање на фестивалот со книжевен настан во галеријата „Чудна шума“
    „YES за кратка проза“. На оваа книжевна вечер свои дела ќе читаат: Иван Шопов, Владимир Лукаш, Долорес Атанасова Лори, Биљана Стојановска, Хана Корнети, Ѓоко Здравески, Драгана Лукан Николоски, Живко Грозданоски, Филип Димевски, Билјана Црвенковска, Ненад Јолдески.

    15 мај
    ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА
    10:30 Читање и работилница со авторката на сликовницата „Скокотливата куќа“ (Shtëpia e gudulisur), Рудина Чупи, на македонски и албански, деца од основни училишта, библиотека „Страшо Пинџур“ (затворен тип)

    ПОТПИШУВАЊЕ И ДРУЖЕЊЕ СО АВТОРИ ВО КАФЕ-КНИЖАРНИЦА И ГАЛЕРИЈА „ЧУДНА ШУМА“:
    18:00 Средба со авторката Рудина Чупи („Скокотливата куќа“), средба со читачкиот клуб „Чудна шума“ и „Мама (Ми) Чита“

    КНИЖЕВНИ ВЕЧЕРИ:
    20:00 Промоција на романот „Трофеј“ од Хеа Схутерс (кафе „Долап“)

    16 мај
    ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА (МКЦ – Младински културен центар – Скопје, фоаје на кино „Фросина“) – Целодневна програма на работилници:
    12:00 Читање и креативна работилница за деца со авторката Рудина Чупи („Скокотливата куќа“)
    13:00 Читање и креативна работилница за деца со авторката Билјана Црвенковска – „Најмалиот остров на светот”
    14:00 Читање и креативна работилница „28 дена од животот на Бурундук“
    16:00 Читање и креативна работилница за деца со авторката Јелена Никодиноска Чаповска и илустраторката Иванка НиБа – „Шарен, бистар свет“
    17:00 Читање и креативна работилница за деца со авторката Хана Корнети – „Каде оди реката?“
    *Сите работилници се отворени за учество. Пожелно е пријавување на децата на електронска пошта: [email protected]
    12:00 – 18:00, МКЦ: Мал саем на книги на издавачките куќи „Чудна шума“, „Сказнувалка“ и „Светулка“

    ПОТПИШУВАЊЕ И ДРУЖЕЊЕ СО АВТОРИ ВО КАФЕ-КНИЖАРНИЦА И ГАЛЕРИЈА „ЧУДНА ШУМА“
    18:30 – Средба со авторките Хеа Схутерс („Трофеј“) и Самира Кентриќ („Адна“)

    КНИЖЕВНИ ВЕЧЕРИ:
    20:00 Промоција на графичкиот роман „Адна“ од Самира Кентриќ (кафе „Долап“)

    18 мај
    ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА
    11:00 Читање и работилница поврзана со делото „28 дена од животот на Бурундук“ од украинскиот автор Иван Андрусјак, деца од основни училишта, библиотека „Браќа Миладиновци“ (затворен тип)

    ПОТПИШУВАЊЕ И ДРУЖЕЊЕ СО АВТОРИ ВО КАФЕ-КНИЖАРНИЦА И ГАЛЕРИЈА „ЧУДНА ШУМА“
    18:00 Средба со илустраторката Ванда Чижмек („Кики, ние те сакаме!“), средба со читачкиот клуб „Чудна шума“ и „Мама (Ми) Чита“

    КНИЖЕВНИ ВЕЧЕРИ:
    20:00 Претставување на новата едиција на книги „Планета НАДЕЖ (Нова европска проза“ (галерија „Чудна шума“)

    • Пријавување на децата на електронска пошта: [email protected]

    19 мај
    ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА
    12:00 Читање и работилница со илустраторката Ванда Чижмек поврзана со сликовницата „Кики, ние те сакаме!“, деца од основни училишта, библиотека „Другарче“ (затворен тип)

    18:00 Читање и работилница со илустраторката Ванда Чижмек и уметникот Доротеј Нешовски, поврзана со сликовницата „Кики, ние те сакаме!“, во креативното студио „Умна Куќа“ (отворен тип, со пријавување)

    ВЕЧЕРНА ПРОРАМА:
    20:00 Отворање на групна изложба на македонски уметници, галерија „Чудна шума“: Владимир Лукаш, Срна Галевски, Весна Ничевска….

    20 мај
    10:00 – 20:00 „3 години кафе-книжарница и галерија ЧУДНА ШУМА“: Целодневен книжевен HAPPY HOUR – подарок книга-изненадување за секој купувач.

    Поврзани вести