Skip to main content

Резаи: Ако САД повторно не нападне, Иран ќе збогати ураниум до 90 проценти

Парламентот на Иран ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90 проценти во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.

Една од опциите на Иран во случај на повторен напад би можела да биде збогатување од 90 отсто. Ќе го анализираме ова во парламентот, наведе Резаи, кој е и портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика.

За работа на нуклеарните централи потребен е збогатен ураниум од три до пет проценти, додека за нуклеарно оружје ураниумот треба да биде збогатен до 90 отсто.

Заканата од Резаи уследи откако американските медиуми објавија дека претседател на САД, Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослаби преговарачка позиција на Техеран. Трамп ја оправда војната со тврдењето дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развие нуклеарно оружје.

Поврзани вести