Skip to main content

„Сакатиот од Иншман“ по текст на Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ вечерва премиерно во Куманово

Македонската драма на Кумановскиот театар при НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 18 декември премиерно ќе ја изведе својата нова премиера, „Сакатиот од Иншман“. Се работи за постановка по текст на Мартин Мекдона а во режија на Јане Спасиќ

Играат: Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова, Мирослав Петковиќ, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски, Анастасија Трајковиќ, Марко Трајковиќ, Давид Илиќ и Владанка Крстевски.

„Се работи за еден мал остров во Ирска, каде постои мала група на луѓе кои функционираат на чуден начин меѓу себе. Нивниот живот е толку испреплетен, функционираат беспрекорно, се навредуваат, се сакаат, се обидуваат да бидат добри едни за други, но некогаш излегува дека не се.“ – вели актерката Дончевска Илиќ.

За своите ликови зборуваа актерите Никица Јанковски, Владанка Крстевски и Анастасија Трајковиќ.

„Прекрасен лик кој со другите ликови некако е заглавен зад вечната тема на суровост и хуморот. Направивме една прекрасна претстава која ќе го збогати Театар Куманово со уште една премиера. Театар Куманово го има најдобриот ансабмл затоа што ќе направиме претстава која ќе живее долго. На малата сцена ќе ги видите ликовите на Ајлин, Баркли и другите колеги“. – изјави актерот Никица Јанковски.

„Прв пат во животот играм лик кој има 89 години, стара пијана баба. Пред се голмо благодарам на Јане што ми го даде овој лик, бидејќи за мене беше шок на првата проба што треба да играм нешто толку старо и со искуство, животно искуство пред се, но целиот процес беше предизвик и мислам дека созреав со улогата преку еден интересен процес на осознавање и гледање на постари луѓе околу мене и мислам дека трансформацијата што ја доживеав преку овој лик е нешто што ќе ми служи за наредните креации.“ изјави актерката Владанка Крстевска.

„Најголем проблем ми беше како мојот лик се изразува и навистина ми беше предизвик да излезам од мојата комфорт зона. Научив дека некогаш е е страшно, туку правилно да го кажеш своето мислење ко другиот човек, без разлика како другиот човек ќе се чувствува затоа што ние на себе имаме оклопи кои си ги ставаме за да не навредиме некој.“ – изјави актерката Трајковиќ.

Поврзани вести