
В понеделник, на 5 мај од 19 часот, во кафе-барот „Кашмир“ ќе се одржи промоцијата на новата прозна објава од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“.
Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а настанот ќе го модерира Игор Анѓелков.
Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“, вели Мартиноска во освртот кон новата книга на Ристески.