
Активностите на Плаошник, како еден од најзначајните духовни и културни центри во државата, продолжија и во 2025, а интензивно се реализираат активностите на скопското Кале и во музеите во овој комплекс. Работите се во напредна фаза и се очекува нивно целосно завршување до февруари или март наредната година. Започна и целосната конзервација и реставрација на Спомен-домот на Разловечкото востание во селото Разловци, проект што се реализира во периодот 2025–2026, со вредност од 19 милиони денари. Се работи и на завршување на конзервацијата и реставрацијата на стариот конак во Лешочкиот манастир, како и на капиталниот проект за заштита и реставрација на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица. За црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот Трескавец, е изработена целосна проектна документација и се поминати сите неопходни стручни контроли – посочи министерот Љутков на брифинг со новинарите..
Тој додаде и дека за Шалтер салата на Поштата во Скопје бил ревидиран проектот за препокривање, како и дека се завршени сите стручни постапки и дека е тој во завршна фаза, пред поднесување за одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски.
Министерот Љутков го спомна и Аквадуктот, за кој е во тек подготовка на нова, повеќегодишна јавна набавка откако беше раскинат претходниот договор поради губење на лиценцата од страна на изведувачот.

Македонски






