Skip to main content

Претставата „Носорози“ од Ежен Јонеско на сцената на Албански театар- Скопје

Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје, имаaт чест да ве известат и поканат на театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Албанскиот театар – Скопје.

„Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и моќна алегорија за искушението на конформизмот.

Оваа нова продукција на Албанскиот театар од Скопје е во режија на Васил Василев (Бугарија) и нуди современ сценски пристап кон овој култен текст од минатиот век. Претставата е верна на оригиналниот текст, но истовремено отвора простор за размисла за актуелните општествени предизвици.

Претставата ќе се игра на албански јазик, со превод на македонски и француски јазик.

Влезот е бесплатен, а билетите ќе бидат распределени по претходна потврда на присуств

Поврзани вести