Skip to main content

Предавање и изложба „ Македонскиот фронт низ слики и предмети ” денеска во Europe House Скопје

Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба „ Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје.

Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт:

– Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и

– Ерик Алар, професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.

Паралелно, во холот на Europe House ќе биде поставена изложба на автентични разгледници и фотографии од приватни колекции, меѓу кои и онаа на Фросина Георгиевска и Бјорн Габриел.

Изложбата претставува уникатно визуелно сведоштво за животот на војниците и народот за време на Првата светска војна во Македонија.

Изложбата ќе биде отворена само на денот на предавањето.

За предавачите:

Даниела Николова неодамна престојуваше во Париз работејќи на проект за Првата светска војна и Макеоднскиот фронт.

Како директор на Музејот на македонската борба за независност, таа е авторка на повеќе каталози и публикации за македонската историја, вклучувајќи го и каталогот „Македонија во Првата светска војна” (2023).

Нејзиното истражување се фокусира на документирањето на македонското историско и културно наследство.

Ерик Алар е професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.

Од 2009 година тој спроведува археолошки истражувања и собира сведоштва за Првата светска војна во регионот на Битола.

Од 2016 година е интегриран како експерт во групата за научна поддршка на Францускиот институт во Скопје за валоризација на Макеоднскиот фронт и автор на неколку публикации.


Предавањето е по повод денот на примирјето во Првата светска војна и ќе ги вкрсти француската и македонската перспектива на овој значаен историски период низ приказ на автентични фотографии и предмети од Македонскиот фронт.

Предавањето ќе биде одржано со симултан превод .

Влезот е бесплатен за сите посетители.

Поврзани вести