
Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва премиерно ќе биде изведена петтставата „Парите се отепувачка“ на драмското студио Миладин во режија на Ристе Миладин.
Во улогата на селанецот Митре се јавува режисерот Миладин, неговата жена Мара ја игра Бранкица Петковска, а нивните деца синот Ангеле и ќерката Кате се Милан Блажески и Маја Рисеска. Сопругот на Кате, Софре, го игра Бојан Крстески, а нивната ќерка Ана ја глуми Марија Блажеска…
Преставата „Парите се отепувачка“, Драмското студио „Миладин“, како што истакна режисерот Миладин, ја изведува на секои 10 години. Прв пат била поставена пред 30-тина години, па потоа, според него, пред 20, па пред 10 и сега по четврти пат ја режира.
Секоја постава има нова актерска екипа, само режисерот е ист“, вели Миладин за МИА, нагласувајќи дека очекува добар резултат и позитивна критика од публиката.
Претставата, нагласува, испраќа порака дека алчноста по богатство може да го заслепи човек до степен да го убие сопственото дете.
До кој степен може да стигне алчноста на човекот кога се работи за материјални средства, пари и богатство е поуката од оваа претстава. Од алчност не сметајќи дека врши убиство си го убива сопствениот син“, појаснува Миладин.
Добро усогласената актерска екипа на драмското студио „Миладин“ претставата „Парите се отепувачка“ ја поставува со сопствени средства.