
Праизведба на претставата „Црно злато“ од македонскиот драмски писател Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ, ќе биде изведена денеска во 19:30 часот на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградскиот драмски театар. Белградските медиуми ја најавија како исклучителен драмски текст и „претстава што ќе има долг век“.
Во изјава за МИА Дејан Дуковски нагласи дека ја посветува претставата „Црно злато“ на својот професор, македонскиот драматург Горан Стефановски.
Од Горан научив многу за драмата, но и за животот. Среќен сум што сум во Белград и се надевам дека ова ќе биде легендарна претстава.

Македонски

