Skip to main content

Почна реализацијата на меморандумот за продолжување на соработката со МНТ и ЦНП

ЦНП

Реализирањето на меморандумот за продолжување на соработката меѓу Црногорско народно позориште (ЦНП) и Македонскиот народен театар (МНТ), започна со гостување на две претстави од Македонија.

Изминатите две вечери на големата сцена на ЦНП публиката ги гледаше претставите „Народниот пратеник“ од Бранислав Нушиќ во режија на Егон Савин и „12“ според Реџиналд Роуз во режија на Синиша Евтимов.

Директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, го изрази своето задоволство од почетокот на реализацијата на договорот, како и од фактот што публиката во Подгорица виде исклучителни изведби од најновата продукција на МНТ во годината кога го слави својот голем јубилеј – 80 години од своето постоење и работа.

Меморандумот за продолжување на соработката меѓу националните театри на Црна Гора и Република Македонија, потпишан кон крајот на минатата година во Скопје, покрај меѓусебните гостувања, отвора можност и за реализација на заеднички проекти, за што особено може да придонесе членството на двата театри во Европската театарска конвенција“, истакна Суботиќ и го честиташе престојното учество на Македонскиот народен театар на Стериино позорје, во чија натпреварувачка селекција е претставата „Наличје“ од Борис Лијешевиќ од актуелната театарска сезона на нашиот национален театар.

Директорот на МНТ, Никола Кимовски, истакна дека по потпишаниот меморандум за соработка меѓу Црногорско народно позориште и Македонскиот народен театар, по речиси изминати десет години, повторно се случува меѓународна соработка.

Посебно ме радува што меморандумот за соработка на овие две големи театарски куќи почна да се реализира со гостувањето на Македонски народен театар во Црногорско народно позориште и тоа со најактуелните претстави од големата и од малата сцена. Тоа се претставите: „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, која се одигра на 9 април и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин, која се одигра на 8 април. Двете претстави се прикажаа пред преполна сала, а црногорската публика со долгостоечкиот аплауз и овации ги награди извонредните изведби на претставите.

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ, на 31 мај 2023 година беше одиграна на сцената на Црногорското народно позориште во Подгорица – пред потпишување на меѓународната соработка.

Нашата цел е и понатаму да се стремиме кон зацврснување, унапредување и развој помеѓу нашата заедничка соработка, со збогатување на културолошката програма, а на публиката со тоа ќе ѝ дадеме можност и посебна привилегија да доживее различни уметнички пристапи и креативност. На состанокот присуствуваше и режисерот Синиша Евтимов,

Да потсетиме, со одлука на членовите на Генералното собрание минатиот петок во Атина, Македонскиот народен театар стана членка на Европската театарска конвенција – најзначајната паневропска театарска асоцијација, каде што Црногорско народно позориште учествува од 2023 година.

Фотографиите се превземени од ЦНП.

Поврзани вести