Skip to main content

Отворена изложбата на фотографии „Секојдневен живот“

Фото: Турски културен центар

Изложбата на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Националната установа Центар за култура на турската заедница во Република Македонија – Скопје синоќа беше отворена во Музејот на Град Скопје.

На изложбата се претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор, кои преку својот објектив ја доловуваат убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.

– Настанот привлече бројни посетители и љубители на фотографијата, кои имаа можност да уживаат во визуелните прикази на секојдневниот живот. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 19 јуни 2025 година. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија и е дел од Годишната програма на Националната установа за 2025 година, соопшти Турскиот културен центар. 

Изложбата, како што наведуваат, е отворена за сите љубители на фотографијата и културата и претставува одлична можност за запознавање со талентот на локалните аматерски фотографи и нивната перспектива на секојдневниот живот. 

Поврзани вести