Skip to main content

Омаж на дводомниот македонско-хрватски композитор Тома Прошев и концерт ,,Од класицизам до македонизам” во македонскиот КИЦ во Загреб

Во Македонскиот КИЦ во Загреб, синоќа се одржа краток омаж на дводомниот македонско-хрватски композитор Тома Прошев и Концерт ,,Од класицизам до македонизам”.

Клавирски дела од Тома Прошев изведоа студенти на Музичката академија во Загреб од Македонија:

• Виктор Рафајловски – „Варијации на пијано“

• Андреа Николовска – „Арабеска и Токатина“

• Борјан Оливер – „Музичка сликовница“ (внук на композиторот)

За ликот и делото на композиторот Тома Прошев сопствени спомени и историско-научни податоци споделија неговата ќерка проф. д-р Борјана Прошев-Оливер и неговиот најстар внук, композитор и музиколог проф. Томислав Оливер.

По омажот се одржа концерт„Од класицизам до македонизам“, на квартетот Стрингендо

• Љубица Делева Поповска – виолина

• Олгица Шундиќ – виолина

• Љупка Каевиќ – виолончело

• Наташа Лазаревска – обоа

Поврзани вести