Skip to main content
Јовица Никчевски, директор на НУБ „Свети Климент Охридски“

Од 2014  наваму имало 65 прекини на работен однос по разни основи, а имало само три нови вработувања што е тотално недоволно

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од Скопје е значајна како институција  која ја има својата примарна функција на заштита на македонското национално книжевно богатство.

Нашето културно наследство како книжевен фонд е нашиот идентитет како држава, вели Јовица Никчевски  директор на НУБ „Свети Климент Охридски“. Не е можно држава без национална библиотека, а во нашата држава тоа е НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Националната библиотека игра клучна улога во зачувување и промовирање на идентитетот, како и во однос на зачувување на македонскиот јазик, потенцира Никчевски.

Додава дека нивниот книжевен  фонд кој постојано се збогатува  постои  уште пред 80 години кога директор бил велешанецот проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов. Фондот во војната се пренесувал во манастири и други места,  а потоа и за време на поплави и земјотреси , а се со цел да се зачува како национален книжевен фонд на Македонија.

Но, во годиниве наназад Библиотеката кубури со вработувања. Никчевски вели дека во моментов има 72 вработени и тројца по договор на услуга, а во минатото имало 205 вработени. Од 2014  наваму имало 65 прекини на работен однос по разни основи, а имало само три нови вработувања што е тотално недоволно.

https://www.youtube.com/watch?v=Q59XFh11UtU

Тој информира дека немаат ниту дипломиран економист, работат среднисти, една хигиеничарка е задолжена за 13.000 метри квадратни простор, наспроти 25 хигиеничарки кои работеле во минатото, дефицитарен е и библиотечниот дел, како што заминуваат во пензија така згаснуваат местата.

Поврзани вести