
Согласно Законот за културата Директорот на НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје по добиена согласност од Управниот одбор денес донесе годишна програма за работење на институцијата во 2025 година.
Годишната програма на НУ – НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје за 2025 година содржи вкупно 35 (триесет и пет) проекта, поделени во 4 (четири) групи:
I. Библиотечна дејност – 20 (дваесет) проекта;
II. Meѓународна соработка – 9 (девет) проекта;
III. Европски интеграции – 5 (пет) проекта;
IV. Инвестиции – 1 (еден) проект.
Проектите произлегуваат од функциите и надлежностите на НУБ „Св. Климент
Охридски“ дефинирани во Законот за културата, Законот за библиотеките, Законот
за заштита на културното наследство, Законот за издавачка дејност и од нејзиниот
статус на национална установа, како и од националните приоритети за развој на
културата, образованието и научната дејност во државата и од заложбите за
меѓународна афирмација на македонските културни, образовни и научни достигнувања
и остварувања.
Нивната реализација ќе придонесе за обезбедување континуитет и за натамошен
развој на сите сегменти на дејноста: збогатувањето и стручната обработка на
библиотечниот фонд, библиографската дејност, одржувањето и функционирањето на
системот COBISS.MK, дигитализацијата, заштитатата на културното наследство,
унапредувањето на услугите за корисниците, како и одржувањето и развојот на
информатичката инфраструктура.
Од особена важност е реализацијата на проектот од областа на инвестициите со
кој ќе се доврши првата фаза од санацијата на покривот на стариот дел од објектот
(блок 3 и блок 5).
Годишна програма за 2025 година на НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје:
1. Библиотечна дејност
1.1 Задолжителен примерок
1.2 Купување публикации и експедиција на публикации за меѓународна размена
1.3 Стручна обработка на публикации
1.4 Библиографии
1.5 Заштита на библиотечните фондови на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје
1.6 Инклузивен пристап за користење на библиотечните услуги
1.7 Отворање на Мултимедијална читалница
1.8 Набавка на опрема, софтвер, лиценци за работа и други алатки за за дигитализација на библиотечните фондови
1.9 Дигитализација на дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“
1.10 Обезбедување средства за поврзување на интернет
1.11 Одржување на целокупната инфраструктура (хардвер/софтвер) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и набавка на нови компјутери
1.12 Стручно оспособување на библиотекарски кадар
1.13 Дигитализација на прирачникот „Предметен опис и каталог“ од Зорка Чекичевска и Јелена Фидановска
1.14 Претплата на онлајн база на електронски книги за 2025 година
1.15 Функционирање на DOI-центарот во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје за 2025 година
1.16 Одржување на бази на податоци за меѓународни кодни идентификатори на документи
1.17 Меѓународно библиотечно позајмување на публикации и статии
1.18 Културни манифестации и активности за популаризација на книгата и читањето
1.19 Издавање и промоција на фототипни изданија на значајни публикации од фондот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
1.20 Одбележување на патрониот и државен празник Св. Климент Охридски
2. Меѓународна дејност
2.1 Члeнарина во меѓународното здружение на библиотекарски асоцијации и институции ИФЛА (IFLA – International Federations of Library Associations and Institutions)
2.2 Члeнарина во меѓународната агенција ИСБН (ISBN / International Serial Book Number)
2.3 Члeнарина во меѓународниот центар ИССН (ISSN / International Standard Serial Number)
2.4 Членарина во меѓународната агенција за ИСМН (ISMN / International Standard Music Number)
2.5 Члeнарина во Меѓународното здружение на музички библиотеки, архиви и документациски центри – ИАМЛ (IAML – International Association for Music Libraries)
2.6 Членарина на Македонски електронски библиотеки – МЕБ во меѓународниот конзорциум ЕИФЛ (EIFL – Electronic Information for Libraries) за 2025 година
2.7 Обезбедување континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK и основна функционалност на Центарот НУБ-ВБМ
2.8 Учество на конференција на ИФЛА – Меѓународно здружение на библиотекарски асоцијации и библиотеки и учество директорот на Конференцијата на директорите на Националните библиотеки од светот
2.9 Претставување на македонската издавачка продукција на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг
3. Европски интеграции
3.1 Члeнарина во Конференцијата на Европски национални библиотеки – ЦЕНЛ (CENL/Conference of European National Libraries)
3.2 Членарина во здружението на истражувачки библиотеки – ЛИБЕР (LIBER – Ligue de Bibliotheques Europeennes de Recherche)
3.3 Учество на Конференцијата на директорите на европските библиотеки – ЦЕНЛ (Conference of European National Libraries)
3.4 Чување на минатото, иновации за иднината: Конференција за културно наследство во национални библиотеки
3.5 Организација на работилници за обука на конзерватори на хартија водени од стручен конзерваторски тим од Националната библиотека на Франција
4. Инвестиции во рамки на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи од областа на културата за 2025 година
4.1 Санација на блок 3 и блок 5 од покривот на стариот дел од објектот на НУ – Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје