Skip to main content

НУ „Стоби“ ја почна кампањата „Дали ќе нè посетиш годинава?“ – прв археолошки локалитет на Балканот што нуди искуство со виртуелна реалност и дигитален аудиоводич

Националната установа „Стоби“ ја започна новата кампања со провокативното прашање: „Дали ќе нè посетиш годинава?“.

Податоците за посетеност во изминатата година покажуваат јасна нерамнотежа – археолошкиот локалитет го посетиле речиси 12.000 странски туристи, додека бројот на домашни посетители изнесувал само 1.703. Вкупно биле регистрирани 18.667 посети, што е на ниво од претходните години.

Значаен дел од посетителите се деца – вкупно 4.970, при што кај домашната публика најбројни се учениците од основно и средно образование. Од НУ „Стоби“ велат дека овие бројки се охрабрувачки, но и дека сакаат многу повеќе граѓани од Македонија лично да ја почувствуваат историјата што ја нуди локалитетот.

Повеќето податоци од статистиката нè радуваат, но бројот на домашни посетители нè изненади.

Затоа прашуваме директно: ќе нè посетиш ли годинава?

Сакаме Стоби да биде место каде секој посетител ќе доживее нешто посебно, па сите ваши коментари и сугестии за тоа како можеме да го направиме искуството уште поинтересно и позабавно ги очекуваме во коментари.

Само за потсетување, Стоби е првиот локалитет на балканот што нуди искуство со виртуелна реалност и дигитален аудио водич. Ја имаме и immersium апликацијата.

Ве очекуваме во поголем број годинава

Стоби е и пионер во регионот, прв археолошки локалитет на Балканот што нуди искуство со виртуелна реалност и дигитален аудиоводич, со што посетата добива современа и интерактивна димензија.

Најголем број посетители локалитетот имал во 2018 година, кога Стоби го посетиле околу 22.000 луѓе. Со новата кампања, од установата се надеваат дека оваа бројка повторно ќе се доближи, но со значително поголемо учество на домашната публика.

Поврзани вести