Skip to main content

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

Библиотека „Григор Пеличев“ Охрид

Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах со наслов „По стапките на Прличев“.

Ги покануваме сите роднокрајни автори од Охрид да испратат исклучиво нови, необјавени творби на слободна тема напишани меѓу мај 2024 и мај 2025 година.

Поради ограничениот буџет книгата ќе има најмногу 100 странци и во неа ќе бидат застапени не повеќе од 45 автори со по две песни или со по 1 расказ, извадок од расказ или од роман.

Првиот Алманах беше отпечатен и промовиран во јуни, 2024 г. 

Поетските творби не смеат да бидат подолги од 24 стихови а расказите, извадоци од раскази или романи да имаат вкупно – најмногу до 1800 карактери и сите творби да се напишани во 12 –  Тimes New Roman.

Творбите треба да се испратат на е – адресата:

rodnokrajniavtori@gmail.com

Најдоцна до 20 мај, 2025 година.

Средбата на роднокрајни автори е планирана за 18 јуни  ( среда) во 12 ч.

Носител на Проектот е м-р Милчо Јованоски .

Поврзани вести