
Народниот театар од Сињ (Хрватска) по втор пат доаѓа во Тетово, овај пат со најновата хит комедија „Чистачки“, на 16 мај (петок), во 19 часот во НУ ЦК „Иљо Антески – Смок“.
Влезот е слободен!
Хит-комедијата на Народниот театар од Сињ е за животот на жени кои одат на работа во Германија. Додека едната размислува да заработи пари, другата прави планови да добие германски документи, но треба да најде некој да ѝ помогне. Можеби Сека, или Бригита, или некој друг!?
Претставата е во режија на Жељко Вицулин, прославен театарски режисер. По мотивите на „Азиланти“ од Мирољуб Недовиќ, Бруно Гребенар го има напишано текстот за оваа претстава.