
Во преполниот салон на Народно позориште, Сараево вчеравечер, на 11 април, беше изведена претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ – урнебесна комедија и едно од најзначајните дела на овој автор. Во адаптација и режија на Егон Савин, претставата ја освои публиката која со долги аплаузи и овации ја награди извонредната актерска екипа.
На сцената блеснаа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (снимен глас), додека во улогата на народот/статисти настапија: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халил.
Претставата остави силен впечаток со својот хумор, ангажираност и актуелност, уште еднаш потсетувајќи зошто Нушиќ останува вечен класик.