Велика Британија го национализираше „Бритиш стил“ за да ја заштити иднината на домашното производство на челик, објави денеска владата, со што го заврши преземањето на компанијата која досега беше во кинеска сопственост.
Национализацијата на „Бритиш стил“ беше неопходна за да се заштитат националните интереси на Велика Британија, нагласи владата во соопштение за медиумите.
„Бритиш стил“ е дел од идентитетот на нашата нација и основа на британската индустриска моќ. Денешната одлука ја обезбедува иднината на британската челичарница, ги штити квалификуваните работни места и го штити виталниот национален капацитет“, рече премиерот во заминување Кир Стармер.
Во април минатата година, владата ја презеде оперативната контрола врз „Бритиш стил“ од нејзините кинески сопственици, групацијата „Џингје“, за да го спречи затворањето на челичарницата Сканторп во северна Англија и да заштити 2.700 работни места во самата фабрика и уште илјадници во синџирот на снабдување.
Последната челичарница во Велика Британија за примарно производство ги снабдува железничката, градежната и автомобилската индустрија, но во последниве години се соочи со високи домашни трошоци за енергија и прекумерна понуда на челик на глобалниот пазар.
Во мај оваа година, премиерот Стармер објави дека владата, по неуспешното барање купувач, ќе донесе закон што ќе овозможи преземање на „Бритиш стил“.
Компанијата беше приватизирана уште во 1988 година, за време на мандатот на премиерката Маргарет Тачер.
Владата сега назначи нов менаџерски тим кој ќе се фокусира на стабилизирање на бизнисот, управување со здравјето и безбедноста, заштита на производството и соработка со менаџментот, синдикатите и вработените за да ја направи „Бритиш стил“ комерцијално одржлива компанија со ниски јаглеродни емисии, се наведува во соопштението.
„Бритиш стил“ сега му припаѓа на британскиот народ, а нашиот фокус е на иднината“, рече министерот за бизнис и трговија Питер Кајл.

„Бритиш стил“ сега му припаѓа на британскиот народ, а нашиот фокус е на иднината“, рече министерот за бизнис и трговија Питер Кајл.(МИА)

Македонски