Skip to main content

Монодрамата „Сите најубави нешта“ со Игор Ангелов на 27 февруари во Литература.мк

Фејсбук профил на „Сите најубави нешта“

В петок, на 27 февруари во Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе биде изведена монодрамата на Игор Ангелов „Сите најубави нешта“, работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО.

Монодрамата со оригинален наслов „Every Brilliant Thing“ на Данкан МекМилан ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на родител, кој поминува низ тешки животни моменти и колку сме потребни за оние што ги сакаме. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама е приказна за тоа како да се постигне надеж во животот со фокус на најмалите нешта.

Поврзани вести