Skip to main content

Министерството за култура објави Конкурс за учество на Република Македонија на 61. Венециско биенале (La Biennale di Venezia)

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia).

Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh).

 Конкурсот ќе трае од  31.5.2025 година заклучно до 30.6.2025  година.  

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести