Викендов (14 и 15 декември) во киното Фросина во Младинскиот културен центар ќе се изведат интерактивни еко-магионичарски претстави за деца на Кристиан Шопов, познат како Magic Kiko. Претставите и во двата дена ќе се одржуваат во 13:00, 17:00 и 19:00 часот.
„Ова уникатно шоу ги воведува најмладите во светот на магијата, притоа учејќи ги за важноста на рециклирањето и заштитата на животната средина. Преку интерактивни трикови и едукативни активности, децата ќе научат дека дури и мали чекори можат да донесат големи промени за зачувување на планетата“, велат ирганизаторите.
Кристиан Шопов е магионичар и илузионист, кој во 2017 година победи на меѓународниот натпревар за зелени идеи.
„Магијата е мост меѓу фантазијата и реалноста. Овој викенд посакувам родителите да дојдат со своите деца и да видат дека секој од нас може да биде магионичар за нашата планета, само треба да започнеме со мали дела“, вели Кристиан Шопов.