
Синоќа, во пресрет на 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, бевме дел од вистински сценски спектакл, напиша министерот Љутков на социјалните мрежи.
„Сонцето, колку е блиску сонцето“, во режија на Дејан Пројковски, беше моќно аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, музика и колективна меморија. Претстава што ги спои минатото и сегашноста, љубовта и уметничката храброст, традицијата и визијата за иднината.
Она што најсилно одекна беше актерската енергија, ансамблот на МНТ, заедно со оперските пејачи и младите актери, кои создадоа сценска целина полна со достоинство, страст и посветеност.
Емотивен омаж на сите уметници и театарски професионалци кои осум децении го градат МНТ како столб и чувар на нашата култура.
Театар што се чувствува, се памети и се носи со гордост

Македонски





