![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/468333604_899495222369395_3726469884681063058_n-e1733248325243.jpg)
Амбасадата на Република Германија во соработка со реномираниот пијанист Дино Имери од Македонија ја претставува „Неделата на Бах“, која од 2 до 7-ми декември е посветена на германскиот композитор Јохан Себастијан Бах.
Главниот настан на Неделата на Бах ќе се одржи во Салон 19:19 во Културно Информативниот Центар во Скопје, вечерва, со почеток во 20:00 часот, каде Дино Имери ќе ги изведе Голдберг Варијациите, врв на барокната варијациска уметност.
Влезот е бесплатен.