Skip to main content

Јаневска: Чувањето на јазичното наследство е долг на сите нас

Министерство за образование и наука

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, порача дека македонскиот јазик претставува едно од најголемите национални богатства и темел на македонскиот идентитет.

Таа потсети дека на 5 мај 1945 година е озаконета азбуката на македонскиот јазик врз принципот „еден глас – една буква“, нагласувајќи дека македонската писменост се надоврзува на богата претходна традиција и на живиот говор што се пренесувал низ генерации.

„Чувањето на јазичното наследство е долг на сите нас, тоа не е само институционална обврска, туку и лична одговорност“, истакна Јаневска.

Според неа, Министерството за образование и наука обезбедува институционална грижа за македонскиот јазик преку наставните програми, учебниците, научните истражувања и културните политики, како и преку стипендии за студии по македонски јазик и книжевност.

Поврзани вести