Skip to main content

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ја отсликува силата и истрајноста на народот

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи ја непроценливата вредност на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и културното наследство.

Во својата порака, министерот нагласи дека македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ја отсликува силата и истрајноста на народот.

Тој потсети дека на овој ден во 1945 година е кодифициран современиот македонски литературен јазик, со што се поставени темелите на неговиот развој и афирмација.

Министерот повика на заедничка грижа, негување и унапредување на македонскиот јазик, како наша трајна вредност и препознатливост во светот.

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!

Поврзани вести