Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Центарот за култура во Битола, ќе биде отворена изложбата „Приказни од градот стар 1000 години АПОЛОГИЈА НА ПРОСТОРОТ …Стравот на времето….преживувањето како казна“ на Љубица М.Солак.
Авторката преку еден вид на изложба, перформанс и концепт го третира македонскиот простор со концентрација на Пелагонија низ призмата на историските, културолошките и цивилизацииските материјални и нематеријални симболики, за континуитетот на животот, премрежјата, пораките ,траумите, поетиката на еден специфичен визуелен начин.
Изложбата ќе биде отворена до 27 декември 2024 година.